НВО: Политиката да ги тргне рацете од АВМУ и АЕК
Foto

НВО: Политиката да ги тргне рацете од АВМУ и АЕК

Граѓаните не им веруваат на Агенцијата за медиуми и на Агенцијата за електорнски комуникации, само 20 проценти од инспитаниците веруваат дека тие се независни од бизнисот и политиката - покажува вториот извештај за работата на овие регулаторни тела. Над 60 проценти од граѓаните сметаат дека раководните фотелји на двете агенции се резервирани само за личности блиски до партиите. Довербата во овие регулаторни тела годинава бележи загрижувачки двојноопаѓачки тренд.

„Дали нешто помалку од 20-тина проценти од граѓаните веруваат дека овие две агенции се независни од бизнис и политичките центри на моќ“- рече Горан Лазаров од „Евротинк“.

„Крајно време е дојдено голем дел од овие агенци кои што постојат, не само овие две да не бидатс седало за луѓе од партиите нивните семејства итн. “- рече Билјана Бејкова од „НВО Инфоцентар“.

Невладините сметаат дека АВМУ И АЕК не го штитат јавниот интерес – граѓаните не добиваат пониска цена и поквалитетни услуги. Дополнително тие ја плаќаат сметката за расфрлањето на регулаторите со нивните пари. Прашуваат и што се чека со реформите, со спроведувањето на Законот за АВМУ.

„Ако вие како регулатор инвестирате во велосопедизам или Панорамско тркало тоа не значи дека сте дале донација. Тоа значи дека од вашиот џеб личен и од мојот личен џеб, зошто во крајна линија од таму се финансираат регулаторите.. логиката е потполно иста, тие земаат пари од операторите, операторите го префрлаат тој трошок во цената која што јас како граѓанин треба да ја плаќам. И тоа се случуваше со години.- вели Љупчо Петковски од „Евротинк“

„Знаете што, можеби треба да се намалат цените, односно она што го плаќаат провајдерите на Агенцијата ако таа има толкав вишок на средства, милиони и не ги вложува во дејноста која треба да ја контролира и регулира тогаш тоа ќе значи дека веројатно провајдерите кога ќе плаќаат тоа, веројатно јас не сум економист но тоа ќе води до намалување на цените на услугите што ние како граѓани треба да ги плаќаме.“- вели Билјана Бејкова од НВО Инфоцентар.

„Клучен е тука јавниот интерес. Како што МТВ постои за да брани јавен интерес, а јас не гледам дека брани јавен интерес. Не бранеше јавен интерес кога беше заробена државата и кога малкумина зборувавме за таа заробена држава и сега не брани јавен интерес. И овие регулатори треба да бранат јавен интерес“- вели Љупчо Петковски „Евротинк“.

Истражувањето покажува дека половина од граѓаните се, а половина не се задоволни од цените на услугите, додека поголем процент се задоволни од квалитетот на услугите во мобилната телефонја и интернетот. Во земјава има 2 милиони мобилни претплатници, а дури 79 проценти од граѓаните користат интернет.

0 Коментари

Остави коментари