Доктор Гзим Нуредини од Клиничката болница во Тетово во емисијата 24 анализа вели дека во моментот има 46 хоспитализирани пациенти, и кај нов состојбата е тешка. Ова е ново во споредба со ноември кога имавме пациенти без коморбитети. Сега возрасната граница е од 45-55 години кои имаат тешка клиничка слика.
„Имаме слободни кревети. Медицинскиот персонал една година е заморен, а ред три недели од кога почна третиот бран, почнавме со нова реорганизација. Болеста не е инфективна, туку мултидисциплинска.“ - вели Нуредини.
Нуредини се надева дека ќе успеаат да се изборат со третиот бран.
0 Коментари