Нуредини: Постапно до систем за отпадни води во Охрид од 70 милиони евра
Потребните инвестиции за третман на отпадните води во охридскиот регион се меѓу 60 и 70 милиони евра. Тоа е многу голема сума и треба да одиме чекор по чекор, вели министерот за животна средина Насер Нуредини во неделното интервју за Радио Слободна Европа.
Тој зборува и за енергетската криза, аерозагадувањето и изградба на пречистителна станица во Скопје.