„Нула Отпад“ - Ликовно-креативен предизвик за сите деца на предучилишна и училишна возраст
Foto

„Нула Отпад“ - Ликовно-креативен предизвик за сите деца на предучилишна и училишна возраст

Нула Отпад како лиценциран колективен постапувач за отпадни батерии и електронски отпад, постојано преку едукација гради генерации кои ќе знаат како да го чуваат, заштитат и унапредат еко-системот во кој живееме.

Овој пат, Нула Отпад преку дигитална едукативна кампања,  продолжува во својата едукативна мисија.

Безбедни во изолација со супер еко-едукација! Пренеси ја пораката на новата планета и новото време.

Ликовно-креативен предизвик за сите деца на предучилишна и училишна возраст.

Можност да се искористи слободното време на еден креативен и интересен начин, преку изработка на ПЛАКАТ, да се пренесе порака со визуелни елементи – ВИДЕО на ТЕМА:

„Да ја заштитиме планетата од опасниот отпад – отпадните батерии и електронскиот отпад. Рециклирањето е важно и неопходно!”

Сите пораки и видеа кои ги исполнуваат критериумите за учество и кои ќе пристигнат на е-маил адресата на Нула Отпад ќе бидат објавени на социјалните мрежи, а најдобрите 10 кои ќе привлечат најмногу внимание (лајкови) ќе добијат еко-благодарница.

Доколку едукативната кампања е успешна, предизвикот прифатен и пристигнат минимум 20 видео пораки за креативниот предизвик, „Нула Отпад“, најмоќната еко-порака и видео според бројот на лајкови на социјалните мрежи ќе ја награди со главна награда лаптоп.

Повеќе за правилата за учество во креативниот предизвик во линкот подолу.

https://bit.ly/2yHV51H

0 Коментари

Остави коментари