НУК: Во комитетот да членуваат вистински угостители и да му се смени името
Foto

НУК: Во комитетот да членуваат вистински угостители и да му се смени името

Независната угостителска комора бара  во новоформораниот комитет за туризам да членуваат вистински угостители.

Реагираат дека им е  одземено договореното и ветено право рамноправно да учествуват во формирањето на ова тело. Комората бара  корекции на членот 6 од одлуката за формирање комитет на туризам со што за да се наведат и членови на Независната комора, Стопанската комора за туризам и уште неколку здруженија.

Одлуката за формирање комитет за туризам владата ја објави на 17 мај 2021 а следниот ден стапи на сила.

0 Коментари

Остави коментари