НУ Завод и Музеј – Охрид награден за „Најдобар словенски локалитет“
Охридскиот " Завод и Музеј" во конкуренција од 150 европски музеи ја доби наградата "Жива " за најдобар словенски локалитет и со ова е првиот македонски музеј кој има добиено вакво високо признание.
Наградите „Жива“ инаку се ценат како транснационална културна платформа посветена на промовирање на заштитата, зачувувањето, образованието, комуникацијата и општествената улога на словенските музеи и локалитети, во словенската заедница што опфаќа речиси 250 музеи и локалитети низ 13 словенски земји
.Особено е важна за еден Унесков регион каков што е охридскиот кој годиниве се бори да го зачува престижниот статус и природното културното наследство.
Oваа награда се очекува да помогне во зачувувањето на светското наследство но и донесе поголема промоција на градот и локалитетите, поголема посетеност од туристи а со тоа и економски бенефит за локалното население.
Посебен белег на овогодинешното издание е воведувањето на новата награда „Жива“ за најдобро зачувување на словенското наследство низ целиот свет. Таа нова награда ја проширува мисијата на наградата „Жива“ надвор од границите на словенските земји претставени од Форумот на словенски култури.

