НРБМ ги предупредува граѓаните да внимаваат каде купуваат на “Блек фрајдеј”

Да се купува од безбедни веб страници, да се користат безбедни интернет врски односно да не се користат јавни интернет мрежи и редовно граѓаните да ги проверуваат сопствените банкарски извори.

Ова се дел од советите на Народна банка за тоа  како да се купува безбедно онлајн но и за блеј фрајдеј да не наседнуваат граѓаните. 

„ Купувањето преку Интернет е лесно и брзо, но заштитата на вашите финансии е од суштинско значење. Следете ги овие совети за безбедно искуство за купување преку Интернет:  Овозможете двофакторна автентикација: Додадете дополнителен слој на безбедност на вашите сметки. Пазете се од премногу добри понуди: Ако изгледа премногу добро за да биде вистина, веројатно е!“ - Народна банка.

Претседателката на Организацијата на потрошувачи Марија Лончар Велкова во телефонски разговор за Телевизија 24 вчера изјави. Доколку потрошувачите одлучат да купат нешто за време на блек фрајдеј, да купат само тоа што им е неопходно,  да ја спроредат претходната цена со новата и да не купуваат на не проверени онлајн страници.   

„Ако се купува било каков произовод особено покрупни овие произоводи како што се бела техника или како што се телевизори слично да се видат цените на повеќе места за да се избегнат некакви манипулации и да може да се види квалитетот. Не треба да купуваат онлајн поради тоа што има многу производи кои што се нудат онлајн во смисла на тоа да бидат сигурни дека купуваат од сигурни сајтови.“ - Марија Лончар Влекова претседателка на Организација на потрошувачи.

Претходно од Управата за јавни приходи излегоа со соопштение дека трговците се должни да поседуваат фискален апарат и задолжително да издаваат фискални сметки при вршење продажба и промет. На видно место треба да постават соопштение со кое го информираат купувачот за неговата обврска да побара фискална сметка.