Новозаразените во Липково се три семејства од три села
Foto

Новозаразените во Липково се три семејства од три села

Куманово повторно се движи кон шампионското место на заболени со Ковид-19. Но, дури деветмина од вкупно 12 новозаразени се од липковскиот регион. 

Еден од починатите денеска е токму од Матејче. Село во рамки на општина Липково во кое гравитираат околу 5000 жители. До сега е зацртано како најголемо жариште од овој регион. Од 110 заразени, 40 биле токму од Матејче. Последните бројки ги исплашија жителите. Стравот се одрази врз рестораните и чајџилниците. 

На неколку километри од Матејче е село Слупчане. Оние кои не веруваат дека постои коронавирусот се плашат јавно да го кажат тоа. Другите почитуваат мерки. 

Од пред три дена почнаа да се уверуваат дека коронавирусот е меѓу нив, вели градоначалникот на Липково. Таму на терен отпочна масовното тестирање.

Во Липково и околните 11 села досега починаа пет лица. Во моментов позитивни на Ковид 19 се 50 жители.

0 Коментари

Остави коментари