Новогодишна прослава на Шанзелизе и покрај најавениот собир на „жолтите елеци“
Foto

Новогодишна прослава на Шанзелизе и покрај најавениот собир на „жолтите елеци“

Градот Париз одлучи да организира дочек на Нова година на Шанзелизе и покрај најавите за нови протести на „Жолтите елеци“,  јави дописникот на МИА.

Градоначалникот на Париз, Ан Хидалго за новогодишната ноќ планира „звучно и светлосно шоу“ пропратено со огномет.

На Шанзелизе традиционално се организира дочек на Нова година, но на авенијата последните пет саботи демонстрираа „жолтите елеци“.

Движењето „жолти елеци“ преку Фејсбук најави нов собир на Шанзелизе, наведувајќи дека  „сакаат да ја продолжат борбата на мирен и свечен начин“.

0 Коментари

Остави коментари