Ново задолжување од 50 милиони евра

Ново задолжување на државата од 1,3 милијарди евра усвоила Владата на седница со што вкупно  за само две години, премиерот ја задолжи државата со 4 милијарди евра обвинија од СДСМ. Потенцирајќи дека за две години владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски направи 30 проценти од вкупниот јавен долг од независноста на Македонија до денес. 

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека  Владата во овој период се задолжува за да врати стари долгови но и дека очекува растот на БДП да продолжи и да изнесува помеѓу 3.5 и 4 отсто. 

Постојаното задолжување на државата со изговор дека се враќаат стари долгови е класична демагогија која скапо ја плаќаат гражаните вели универзитетскиот професор Ванчо Узунов. За стабилна држава, според проефоросорот Узунов, потребни се инвестиции во образование и здравство а потоа се останато само по себе. 

Јавниот долг на земјава изнесува 10,7 милијарди евра, или 58,8 проценти од БДП. Но, во оваа бројка не е опфатен голем дел од речиси 700 милиони евра неплатени обврски на јавните институции. Кога и тие ќе се земат предвид во пошироката слика за задолженоста, товарот врз јавните финансии ја надминува психолошката граница од 60 проценти од БДП.