Ново судско рочиште за пожарот во „Пулс“ – Обвинителството ја отвора историјата на објектот

Со годишен извештај за редовни и вонредни инспекци, постапувањето и работата на општината и на градежните инспектори-со изведување на материални докази од Обвинителството продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“.

Одбраната вели дека имаат проблем да ја разберат презентацијата на доакзите. Адвокатот Петре Шилегов вели дека со вакво обвинение не може да се дојде до правда и правична пресуда.

Петре Шилегов-адвокат: „Разгледуваме записници од увид за плаќање на комунални такси на сосема дуга локација, а не оваа каде се случил настанот и какво било работењето на општината е апсолутно ирелевантно за пожарот и трагичните последици од пожарот. Навистина и за нас како одбрана станува нејасно која е крајната цел на Обвинителството и што всушност сака да докаже. Едно судење, оваа држава ја чини над 100 илјади евра, за внатре да гледаме, да ни изнесуваат докази за дали некој кафич плаќал комунална такса или не плаќал и дали општината тоа го спровела-нема допирна точка со кривично правниот настан.“  

Родителите за загинатите деца побараа правда во судница. Од Здружението 16ти март 2025 со став дека секој доказ е поблиску до вистината.

Здружение на граѓани 16ти март 2025: „Одбраната денес повторно остави впечаток дека поважно е да се каже нешто, отколку навистина нешто да се каже. Понекогаш навистина се добива чувство дека не е важно што е изнесено во судница-туку да не остане тишина кога ќе дојде ред за збор. Но за нас ова не е натпревар кој повеќе ќе зборува. Ние сме таму за нешто многу потешко-да ги слушнеме фактите. Да разбереме што се случувало. И да добиеме одговори.“

Тим од 15 обвинители се застапници на обвинението, а судскиот процес го води судијката Диана Груевска Илиевска.

Процесот продолжува следната недела.