НОВО РОЧИШТЕ ЗА ПРЕДМЕТОТ „ТИТАНИК“ - СУДОТ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ

И покрај барањето за одложување, денеска продолжи судењето за предметот „Титаник“. Рочиштето почна со читање на повеќе од четири илјади и 800 докази. Според одбраната, овластувањето на обвинителката Лиле Стефанова е незаконско. Осомничениот Илија Димовски до судот упати повеќе прашања во однос на преземање на предметот од страна на ОЈО, побара увид во писмото на Катица Јанева за предавање на предметите на Републичкиот обвинител Јовески и запирање на постапката се до добивање одговор на поставените прашања. Во „Титаник“ се обвинети и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски и уште други 14 лица за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.