Ново рочиште за „Онкологија 2“ – обвинетите негираат вина за штета од 36 милиони евра
Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“, во кој Никола Васев и Нехат Нухи се обвинети за незаконски набавки на лекови и злоупотреби тешки речиси 36 милиони евра.
На Ппетходното рочиште обвинителството презентираше документација за тендери, набавки и финансиски извештаи, додека одбраната бараше доказите да се разгледуваат поединечно. Обвинетите ја негираат вината и тврдат дека процесот е политички мотивиран.

