Ново рочиште за „Монструм”, сведочат поранешни функционери
Foto

Ново рочиште за „Монструм”, сведочат поранешни функционери

Сашо Мијалков два часа сведочеше во Монструм, но на најголем дел од деталите поврзани со Смилковско езеро не се сеќаваше. Како директор на УБК со која раководеше во 2012 Мијалков вели дека немал најави дека ќе се случи петкратното убиство. Не можеше да се сети какви информации за профилот на убијците му дале странските служби со кои соработувале.

„Не се сеќавам дека се работело за исламистичка група која е вмешана. Имавме некоја оперативна обработка за исламистичка група, не можам да се сетам дали оперативната обработка за исламистичката група се издеферинцирала од овој случај. Не можам и да се сетам дали странските служби ме информирале дека станува збор за лица од Авганистан и Ал Каеда. Сите мотиви ги клаисифицираше јавниот обвинител во овој случај.“ - изјави Сашо Мијалков - поранешен шеф на УБК.

За разлика од Мијалков, конкретно и подетално одговараше Синиша Алексовски кој пред осум години беше национален советник за безбедност на Ѓорге Иванов. До него стигнувале информации по службен пат и од БЈБ и УБК. Алексовски ги отфрли сите шпекулации дека е поврзан со убиството на момчињата и рибарот.

Заедно со Иванов и родителите на момчињата имале средба во Вила Водно, по бомбите кои ги објави Заев во 2015-та. Со роднините се сретнале неформално уште два пати. Ги разубедувал во шпекулациите кои ги добиле од Заев. Алексовски сведочеше дека неговиот мобилен телефон се уште го чува и не му паднал кај Смилковско езеро. Пред да се случат убиствата до него стигнала дојава за присуство на екстремистичка група.

„Конкретно, во писмена форма немавме податок дека ќе се случи кривично-правен настан. Но пред секој голем верски настан, се преземаа повисоки мерки на безбедност, особено за објектите каде што се собираше поголема група луѓе, а врз база на претходни информации за националистички и екстремистички активности. Имав усна информација од полицискиот службеник Зоран Трајковски дека има движења на екстремистички групи кои би можеле тие празнични денови да нападнат полициски станици. Го прашав дали за ова официјално го известил МВР, УБК Куманово и воените структури. Му напомнав дека во овој период на годината секогаш има полуинформации, дека и тие што диво сечат шума наводно биле екстремисти. Му реков само ако ја потврди информацијата, да ми јави.“ - изјави Синиша Алексовски-поранешен советник за нац.безбедност.

За Фејзи Азири и Африм Исмаиловиќ кој побегна во Косово, Алексовски имал полициски информации, бидејќи претходно имале досие. Неговото сведочење различно го интерпретираа адвокатите на обвинетите и родителите на убиените момчиња. 

Алексовски демантираше дека е на МВР црвениот „опел омега“ кој беш пронајден по петкратното убиство. По негово сеќавање алфите имале „опел вектра“ со вишна боја. Монструм продолжува на 10-ти март со сведочење на Муса Џафери и Блерим Беџети кој беше министер за правда од ДУИ.

0 Коментари

Остави коментари