Ново рочиште за „Монструм”, ќе сведочи Сашо Мијалков
Foto

Ново рочиште за „Монструм”, ќе сведочи Сашо Мијалков

Повторената судска постапка за предметот „Монструм” во Кривичниот суд во Скопје продолжува со искази на сведоците Синиша Алексовски, Сашо Мијалков, Блерим Беџети и Муса Џафери.

Потребата од нивното сведочење произлегува од разговорите во „бомбите”, презентирани претходно во оваа судска постапка, каде што се слушаат или споменуваат имињата на денешните сведоци како лица што знаат нешто повеќе за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, на 12 април 2012 година.

На последните рочишта за овој предмет сведочеа повеќе сегашни и поранешни функционери од извршната власт, меѓу кои и Гордана Јанкулоска, Зоран Заев, Али Ахмети, Бујар Османи, Џелал Бајрами и Љупчо Тодоровски-Радникот.

0 Коментари

Остави коментари