Ново разочарување за Меси и Аргентина, пораз од Колумбија на Копа Америка
Foto

Ново разочарување за Меси и Аргентина, пораз од Колумбија на Копа Америка

„Гаучосите“ предводени од Лионел Меси доживеаја разочарување на стартот на Копа Америка, поразени се од селекцијата на Колумбија со 2:0.

Колумбија до победата дојде со головите на резервистите Роџер Мартинез во 71. и Дуван Запата во 86 минута.

Аргентинците в четврток вториот меч на турнирот го играат против Парагвај.

Претходно, во вториот натпревар на Копа Америка репрезентациите на Перу и Венецуела ремизираа без голови.

Во групата А, Бразил е на прво место со 3 бода, Венецуела и Перу имаат по 1 бод, додека Боливија е без бодови.

 

0 Коментари

Остави коментари