Ново обвинение за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, овојпат за светлата во Црн Дрим

Ново обвинение за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, овојпат за светлата во Црн Дрим. Основното јавно обвинителство Струга поднесе обвинителен предлог против градоначалникот во заминување, за кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување. 

Во периодот од 1 април 2021 до 27 јуни 2022 година, Мерко, во својство на службено лице – градоначалник ги пречекорил границите на своите овластувања и склучил договор за изведба на проект за осветлување на дел од речното корито на Црн Дрим, без претходно да обезбеди водостопанска согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање. 

Според вештачењето прибавено од Обвинителството, светлата во реката негативно влијаеле  врз режимот на водите и хидро-биолошкиот систем.