Новите предлог измени за Законот за сметководители на маса пред фелата на експертите
Foto

Новите предлог измени за Законот за сметководители на маса пред фелата на експертите

Новите предлог измени за Законот за сметководители на маса пред фелата на експертите. Дел од сметководителите сметаат дека предлог-законот е добра основа за нивната  понатамошната работа, додека за други е директен удар врз малите фирми. Експерите сметаат дека потребна е саморегулација на сметководителите како и отстранување на непотизмот и корупцијата.

Новиот  предлог-закон за сметководители за дел од овластените сметководители е директен удар врз малите сметководствени фирми, додека за други е добар. Едните сметаат дека Министерството за финансии не треба да се меша во нивната работа додека останатите велат дека тоа е потребно.

Слаѓана Тасева од Транспаренси интернешнл смета дека покрај законот, битна е саморегулацијата за да се воспостават правила за работата на сметководителите, на истиот став се и од Институтот на овластени ревизори.

„Начинот на кој што сето тоа е уредено, уште подобро да се дефинира и зајакне, посебно саморегулацијата кога зборуваме за етичкиот кодекс на сметководителите“ - вели Слаѓана Тасева – Транспаренси интернешенл.

„Да се направи еден обид со овој закон да професијата биде саморегулирачка“ - рече Драган Димитров - Институтот на овластени ревизори на Република Македонија.

Од Институтот на сметководители  велат дека постоечкиот закон не е доволно прецизен за да може понатаму да се функционира.

„Делот од сметководителите, наши членови, кои очекуваат подобрување во однос на овој нов предлог закон за вршење на сметководствени работи“ - изјави Ленче Папазовска – претседателка на ИСОС.

Проблемите во функционирањето на Институтот почнале од самото формирање, а во 2017, пак, сите проблеми биле потврдени со надзорот што го направило Министерството за финансии од каде констатирале низа неправилности, нетранспарентност во формирањето и пропусти во постапките.




0 Коментари

Остави коментари