Новиот закон за Судски совет испратен на мислење до Европската комисија

Предлог регулативата за судски за судски совет е доставен на разгледување на Европската комисија информираат од министерството за правда. Откако ќе го добијат мислењето од комисијата истиот ќе се поднесе во собраниска процедура од таму додаваат.

Се работи за конструктивен и содржаен документ кој доби позитивно мислење и од Венецијанската комисија. Со следниве клучни новини кои што се предвивудаат.

Министерство за правда

- Јавност во постапкатата за разрешување на претседател/заменик на Советот, постапката мора секогаш да биде транспарентна. Прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“. Воведување јавна расправа за кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност. Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите. Унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ.

Пред неколку дена и претседателот на судски совет Александар Камбовски изјави дека и тие како тело го очекуваат новиот реформски закон што треба да се донесе бидејќи бил на едно европско и повисоко ниво од тоа што било претходно. На мислење во Венецијанската комисија во јули годинава беа испратени и предлог-законите за за Јавното обвинителство и за Советот на јавни обвинители.

Во оценката од Комисијата, која пристигна неодамна, беше наведено дека и покрај неколкуте недостатоци, двете предлог-законски решенија имаат многу позитивни карактеристики, а една од клучните препораки што ги дава е мандатот на јавниот обвинител да е без можност за повторен реизбор. Сепак, за оваа новина, како што наведуваат од Комисијата, се предвидуваат промени на Уставот, а не на законот за Јавно обвинителство.

Дополнително, се препорачува јавниот обвинител да се избира со квалификувано, односно двотретинско мнозинство во Собранието.