Новиот состав на комисијата на историчари утре седнува на иста маса со бугарските колеги
Утре новиот македонски состав историчари на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија ќе ја имаат првата средба со своите бугарски колеги.
Точките за разгледување се непознати за јавноста, а единствено е познато дека средбите ќе траат два дена - утре и задутре во просториите на македонското Министерство за надворешни работи во Скопје. Македонската влада пред еден месец донесе одлука за смена на составот затоа што стариот „не ги оправдал очекувањата“
Последната средба на македонските и бугарските историчари во рамки на Договорот за добрососедство беше на 30 и 31 мај. Засега усогласувања има само на средновековните теми. Нови членови во комисијата се Митко Панов, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини, додека Александар Литовски и Ванчо Ѓорѓиев се повратници, а Димитар Љоровски е единствениот останат од стариот состав.