Новиот глобален автомобилски бренд Changan официјално пристигнува во Македонија
Компанијата „Еуроимпекс“, позната како генерален застапник на седум брендови, од денес официјално станува дом на уште еден автомобилски бренд. „Еуроимпекс“ официјално го претстави брендот Changan, отворајќи ново поглавје во своето повеќедецениско искуство во автомобилската индустрија и дополнително збогатувајќи ја понудата со возила кои ги комбинираат луксузот, дизајнот, безбедноста и врвната технологија.

