Новиот глобален автомобилски бренд Changan официјално пристигнува во Македонија

Компанијата Еуроимпекс, позната како генерален застапник на 7 брендови, од денес официјално станува дом на уште еден автомобилски бренд.„ЕУРОИМПЕКС“ официјално го претстави брендот Сhangan, отворајќи ново поглавје во своето повеќедецениско искуство во автомобилската индустрија и дополнително збогатувајќи ја понудата со возила кои ги комбинираат луксузот, дизајнот, безбедноста и врвната технологија.

Со ова клиентите во Македонија ќе добијат поголем избор, а во рамките на компанијата „Еуроимпекс“, ќе имаат на располагање сеопфатна понуда на едно место.