Новиот австралиски премиер Ентони Албанезе утре ќе положи заклетва

Новоизбраниот австралиски премиер, Ентони Албанезе, утре треба да положи заклетва, по неговата вчерашна победа на парламентарните избори на неговата Лабуристичката партија, јави ДПА.

Албанезе на новинарите им соопшти дека утре ќе положи заклетва со уште четворица сопартијци за да ги покрие сите министерски ресори „како привремен аранжман“, додавајќи дека ресорите потоа ќе се поделат од следната недела. Албанезе (59). кој ќе стане првиот лабуристички премиер од 2013 година, изјави дека веднаш потоа ќе замине за Токио на  средбата, планирана за вторник,  со лидерите на Јапонија, САД и Индија.

 

 

-Ќе се вратам во Австралија во среда, а потоа ќе се зафатиме со работа, рече Албанезе.