Новинарот на тв 24, Сабриоски доби награда за истражувачко новинарство
Foto

Новинарот на тв 24, Сабриоски доби награда за истражувачко новинарство

Здружението на новинарите на македонија ги додели годишните новинарски награди. Признанието за животно дело „Крсте Петков Мисирков" го доби новинарката од НОВА, Менче Атанасова Точи за својот досегашен придонес во истражувачкото новинарство.

„Жена сум, сопруга и мајка. Сакам да кажам да се тргнат стереотипите дека една новинарка не може да биде успешна еве во очи на утрешниот ден, 8-ми март , дека не може да биде успешна на секое поле, со многу труд се е можно.“ - изјави Изјава Менче Атанасова Точи.

Наградата за најдобра истражувачка приказна, „Јашар Еребара“ ја добија новинарот на Телевизија 24, Сунаи Сабриоски за серијалот прилози за продажбата на атрактивното земјиште во центарот на градот и Ирена Мулачка од Фокус за прилозите посветени на Домот за стари лица во Радишани.

„Оваа награда нека послужи како повик до сопствениците на фирмата Обновители, меѓу кои и МПЦ која треба да добие 4000 м2 станбен простор . Барем тие 2000 метри квадратни се надевам дека ќе ги додели на социјално загрозените луѓе.“ - изјави Сунаи Сабриоски.

Светлана Дарудова и Сузана Мицева ја освоија наградата за најдобри стории за дописниците која оваа година се доделува по прв пат.

„Ние имаме можност, понекогаш тоа е голем товар да зборуваме за проблемите на обичните граѓани бидејќи најчесто нашите приказни се приказни на граѓаните. Според тоа можеме да прикажеме кога законот значи безаконие , кога правдата во генерална смисла значи неправда.“ - изјави Светлана Дарудова.

На одбележувањето на 73-годишнината од основањето на здружението, претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски се осврна и најголемите предизвици со кои се соочуваат новинарите денеска и напомена дека за професионалното известување не треба да има компромис.

0 Коментари

Остави коментари