Новинарите од земјите од регионот очекуваат нова етапа во односите на највисоко ниво
Во говорот по свечената заклетва во Собранието, претседателот Стево Пендаровски ги потенцираше договорот за добрососедство и соработка со Бугарија и преспанскиот договор до Грција, порачувајќи дека тоа е доказ како може да се заштити идентитетот и да се постигне чекор напред кон Евроинтеграциите. Новинари од регионот беа на инаугурацијата на Пендаровски и за ТВ 24 говорат за односите во регионот во контекст на новоизбраниот претседател. Мнозинството гласови за Пендаровски е основа тој да биде легитимен и корисен во реформите што би требало да ги направи земјава, смета бугарскиот новинар Коста Филипов.
Грчката Влада е голем поддржувач на договорот од Преспа, се очекува односите меѓу двете земји да се унапредат, смета грчкиот новинар Никос Франгопулос.
Новинарите, очекуваат отворање нова страница во односите на највисоко ниво меѓу земјите во регионот.