Новинарите не треба да размислуваат како политичарите

Македонија се наоѓа на 38 позиција во индексот за слобода на медиумите кој што го изработува репортери без граници, најдобар успех во последните 15 години, но колку е реално во пракса.

Медиумите во Македонија и вработените постојано се соочуваат со политички притисоци и пропаганда, борба со дезинформациите и што да се направи за послободни медиуми на овие теми се водеше панел дискусија организирана од институтот за медиуми и аналитика. Панелистите во своите излагања зборуваа како да се намали влијанието врз уредувачката политика во медиумите. 

Притисоци имало отсекогаш без разлика кој е на власт, но многу зависи од интегритетот на медиумскиот работник и медиумот колку ќе биде отпорен на влијанијата, слободата на медиумите е постојана борба смета генералниот директор на медиумската информативна агенција драган Антоновски.

Уредничката на вести во националната телевизија Алсат Арта Тахири вели дека политиката во македонија околу слободата на медиумите е подржана во изјавите на политичарите, но во реалноста се прави спротивното.

Во демократските држави како што се декларира и Македонија институциите објективно се транспарентни со објавување на информации од јавен интерес на нивните сајтови, но потребно е да работат повеќе и на отчетноста, работа на медиумите е да информираат а органите кои функционираат од народните пари се должни да соработуваат со медиумските работници и постојано комуницираат за да има објективно информирање.