Нови судири во Боливија меѓу приврзаниците на Моралес и полицијата
Foto

Нови судири во Боливија меѓу приврзаниците на Моралес и полицијата

Еден ден откако опозициската лидерка Жанин Анес се прогласи за привремен претседател на Боливија, а два дена по оставката на Ево Моралес, во земјата избија нови судири меѓу приврзаниците на поранешниот претседател и полицијата.

Притоа полицијата употреби солзавец во обид да ги растера демонстрантите, јавија американските медиуми.

Демонстрантите излегоа на улиците на Ла Паз и Ел Алто, кои се сметаат за упоришта на Моралес, и вееја разнобојни домородечки знамиња и извикуваа „ Сега, граѓанска војна“.

-Не сакаме ниту  еден диктатор. Оваа жена тргна на нас  и затоа сме лути. Ќе се бориме со нашите браќа и сестри до враќањето на Моралес. Тој мора куќата да ја доведе во ред, изјави една учесничка на протестот.

Жанин Анес се прогласи за привремен претседател на Боливија и покрај то што немаше кворум во текот на гласањето за нејзин избор, бидејќи приврзаниците на левичарската партија на поранешниот претседател, а кои сочинуваат две третини од Конгресот, го бојкотираа гласањето. И покрај тоа, таа ја презеде власта наведувајќи дека Уставот на бара задолжителен кворум во Конгресот.

0 Коментари

Остави коментари