Нови протести на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје
Foto

Нови протести на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје

Гоце е наш но и е европска вредност. Со транспаренти, но и маички со ликот на Гоце Делчев опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва протестираше.

Клучните пораки ги испрати лидерот на партијата Христијан Мицкоски од пред МНР кој порача дека не смее да има како што рече ниту милиметар остапки за последниот бастион на македонскиот идентитет.

Протестот почна од пред министерството за правда, каде симпатизерите и членовите со песна се упатија накај мостот Гоце Делчев а последната дестинација беше министерството за надворешни работи.

Ова е трет протест на најголемата опозициска партија во последните две недели, откако првите два беа поради поскапувањето на струјата и сиромаштијата. Од најголемата опозициска партија велат дека протестите ќе ги интензивираат и во периодот кој следува.

0 Коментари

Остави коментари