НОВИ ПРОЕКЦИИ НА НБМ: ВО 2020-ТА ЕКОНОМСКИ РАСТ ОД 3,8%
Foto

НОВИ ПРОЕКЦИИ НА НБМ: ВО 2020-ТА ЕКОНОМСКИ РАСТ ОД 3,8%

Неминовно – нов изборен циклус, нова незивесност и за домашниот и за странскиот бизнис. Економијата нема да остане имуна на предвремените паралментрани избори, влијание ќе имаат – посочуваат од Народната банка. Иако новите ревидирани податоци покажуваат натамошен економски раст – ризиците од апстиненција во економијата постојат.

„Искуството досега упатува дека изборите е можно да имаат влијание на забавување на економската активност, но она што е карактеристично и вообичаено е дека ефектите од тоа се чувствуваат на пократок период, така што можно е, не е исклучена можноста да има одредено забавување на економската активност, но важно е во целиот овој период да се продолжи со структурните реформи, бидејќи тие се најважниот фактор што го детерминира растот, ги подобрува ефектите на економијата, за да може по завршувањето на тој изборен циклус, со поголем потенцијал на нашата економија да се остваруваат повисоки стапки на раст кои несомнено ни се потребни“ - Анита Ангеловска Бежоска – Гувернерка на НБРСМ.

Народната банка ја задржа проекцијата за раст на економијата годинава од 3,5 отсто, а за следната година предвидува раст од 3,8 проценти. Но проценка ќе се прави и откако ќе се види буџетот за следната година. Според гувернерката битен фактор на растот останува извозната побарувачка. Позитивен стимул, се очекува и од инвестициите и личната потрошувачка, а една од клучните претпоставки за остварување на макроекономското сценарио е и забрзувањето на јавните инфрастуктурни проекти.

„Во првата половина од годината продолжи трендот на забрзување на растот на економијата, а во оваа насока упатуваат и индикаторите за третиот квартал. Во периодот на проекции и понатаму се очекува раст на домашната економија од 3,5 отсто во 2019 година и постепено забрзување на 3,8 отсто во 2020 година “ Анита Анегловска Бежоска – Гувернерка на НБРСМ.

По офијацијалните бројки за реализацијата на капиталните инвестиции од нецели 40 отсто за девет месеци, и Народната банка укажува на слабата реализација. Јавниот долг е под контрола, изминатиот период стабилизиран на ниво од 48 отсто, но сепак се забележува дека години нанзад тој е со растечки тренд. Како ќе се движат идните задолжувања треба да открие буцџетот за 2020та година, кој пак вчера беше ставен па повлечен од владина седница .

0 Коментари

Остави коментари