Нови одрони кај делчевското село Очипала
Foto

Нови одрони кај делчевското село Очипала

Нови одрони вечерва повторно блокираат дел од коловозот на патниот правец Делчево – Македонска Каменица.

Појавата е најизразена по првите свиоци кај месноста Очипала каде поради големите камења кои блокираат дел од коловозот сообраќајот се одвива по едната страна од патот.

Возачи кои сообраќаат на споменатиот патен правец посочија дека за проблемот алармирале до дежурните сообраќајни екипи.

Поради обилниот дожд, сообраќајот на магистралата А3 која р дел до споменатиот патен правец и понатаму во најголем дел се одвива по влажни коловози.

0 Коментари

Остави коментари