Нови обвинувања на Јакимовски за политички монтиран случај по пресудата за затворска казна
Вработен во финансиска полиција фалсификувал мој потпис со кој е приложен документ дека наводно барам да се легализираат објекти од цврста градба.
Стевче Јакимовски за ТВ 24 - со нови обвинувања откако Апелација ја потврди едногодишната затворска казна поврзана со новите градби во основното училиште Лазо Трповски“.
Целта на фалсификатот тврди Јакимовски е да се прикаже дека сум сакал да легализирам дивоизградени објекти кои практично се привремени односно бараки.
Јакимовски смета дека целиот фалсификас и пресудата е мотивирана од политички причини. Осуден сум на една година затвор за да не се кандидирам на можни избори за градоначалник на Карпош.
Власта барала решение како да се справи со пораз во општината на евентуални повторени избори за градоначалник, бидејќи, вели Јакимовски, рејтингот на власта во Карпош е преполовен.
Според него, ова е само уште еден доказ дека Македонија имала диктаторски систем
Апелација ја потврди казната затвори од една година за Јакимовски. Се работи за кривично дело бесправно градење. Во изречената казна му се смета и времето поминато во куќен притвор 19.03.2019 год до 15.08.2019 година.
Во однос на кривичното дело – злоупотреба ма службена положба и овластување жалбата на обвинетиот е уважена и предметот, само во тој дел се враќа на повторно судење.

