Нови ковид мерки - угостителите ќе работат до 23 часот
Новите мерки кои предвидуваат скратено работно време до 23 часот и редуциран број на гости може да стават клуч на врата на угостителските објекти и кафичите.
Од угостителската комора алармираат дека секој ден згаснува по некој бизнис. Прометот им се намалил за дури 50 отсто. Не очекуваат многу ниту од најавените мерки за помош на секторот.
Дел од угостителите веќе стануваат рамнодушни. Се пожалија, државната помош не е доволна,давачките растат, а ноќниот живот и прометот скоро и да ги нема.
Граѓаните пак со поделени мислења. Повеќето сметаат дека мора да има ред за да се сочува здравјето.
Кафеаните и рестораните во кои се одржуваат свадби и веселби и покрај забраната, засега добиваат само кривични пријави. Но откако законските измени ќе поминат во Собранието им се заканува еден месец клуч на врата.
Пазарните инспектори за една недела изрекле седум кривични пријави, од кои две за свадби, а пет за непочитување на здравствените протоколи.