Нови изборни правила

Додека во Собранието се разговара за измените во изборниот законик постизборно една од темите за која денеска дискутирале координаторите на пратеничките групи, собранискиот спикер Гаши не ја исклучува можноста и за Нов изборен законик.

Чекор на кој доколку се одлучат од Илинденска можат периодов да го испратат и до собрание . Сепак на денешната прва средба со новинарите Гаши исто така потсети дека испратил покана за средба и со членовите на ДИК бидејќи на актуелниот состав на 15 јануари му истекува мандатот и мора да се види како комисијата ќе функционира бидејќи престојат локални избори уште во четири општини пред нова година.

Африм Гаши Претседател на Собрание на Р.С.М

- Мандатот на овој состав на ДИК истекува на 15 јануари. Лично иницирав средба со членовите на ДИК која треба да се случи деновите за да видиме како и во кој формат ќе продолжи да функционира ова тело бидејќи престојат локални избори уште во неколку општини каде не беше постигнат цензус . Иако мандатот трае 5 години сепак до изборот на новото тело актуелното ја врши функцијата.

Сепак Гаши на новинарско прашање дали Левица треба да има свој член во ДИК не одговори . А по најавите на премиерот Миоцкоски дека не се исклучува можноста за преструктуирање на силите во собранието но и дека парламентарното мнозинство може да стигне до потребниот бадентер Гаши само кратко додаде дека има основ тоа да се очекува особено по новите изборни резултати .

Во врска со интензивирањето на евроинтеграциите но и по најавите на премиерот дека ќе се  интензивира овој процес откако само во изминатите неколку дена  високи претставници на ЕУ ја посетија земјава Гаши со порака дека треба да се искористи моментот особено сега кога Албанија и Црна Гора сериозни се навлезени во овој процес.

Африм Гаши Претседател на Собрание на Р.С.М 

- Сметам дека е вистинско време да се искористи моментот за евроинтеграциите на земјата особено сега кога Албанија и Ц.Гора се длабоко навлезени во овој процес . ЕУ има симпатии кон нас и искрено се надевам дека и овде во рамките на законодавниот дом доколку се договорат партиите ќе имаме интензивирање на овој процес . Покрај Уставните измени тука се и неколку важни реформски закони кои се очекува да бидат донесени .

Иако Гаши го најавуваше носењето на измените на Кривичниот законик сепак вели се уште не се пристигнати до собрание . Фокусот овој период порача дека ќе биде носењето на буџетот . Првично оној период од 10 дена за поднесување на амандманите , а потоа и седницата која се очекува да биде свикана на  9 ти декември  . Сепак не откри детали околу тоа колкава е точната сума и  преокција за буџетот  .  Реконструкцијата на владата најверојатно пак ќе биде по најавениот конгрес на ВМРО ДПМНЕ кој е закажан за 6 декември .