Нови имиња во новиот Извршен одбор на СДСМ
Foto

Нови имиња во новиот Извршен одбор на СДСМ

Рената Дескоска, Драган Тевдовски, Фросина Ременски, Петре Шилегов ќе бидат членови на новиот Извршен одбор на СДСМ, одлучи партијата на седницата на Централниот одбор што се одржува во Охрид. 

Дел од Извршниот одбор во партијата ќе бидат и Стефан Богоев, Костадин Костадинов, Татјана Стојановска Иванова, Салија Љатиф Петрушовска и уште осум членови на партијата од другите градови.

На Централниот одбор, најверојатно нема да се расправа за избор на потпретседатели на партијата и тоа ќе биде одложено за наредна седница на Централен одбор.

 

0 Коментари

Остави коментари