Нови градежни еврокодови

Потребна е промена на стандардите во градежниот сектор. Градежниците велат дека градежните компании и компаниите кои проектираат треба да почнат да ги користат европските кодови за работа за да можат да бирадт конкурентни на странските пазари, во спротивно нема да можат да работат надвор од нашите граници. 

 „Денес уште еднаш ги повикавме компаниите, да апелираат на својте вработени и да укажат на важноста од примена на еврокодовите од први септември се со цел да го подржиме овој процес и да почнема да фаќаме чекор кон европските норми, со тоа ќе ја зголемиме конкурентноста не само на компаниите него и на физичките лица и градежници, а со тоа да не разговараме за развој него со тоа може и во иднина би го обезбедиле опстанокот.“ - вели Андреа Серафимовски претседател на здружение на градежници. 

Градежниците велат дека мнинатата година на први септември требало евро кодовите да станат едниствени национални стандарди по кои се се проектира и изведува. Одложувањето според градежниците било  по барање на институциите со образложение  дека се уште не се подготвени нжињерите во зејава. На ваквиот начин со одложување на примената на еврокодовите се повеќе тоне македонското градежништво, алармираа од фелата.  

„Европски прописи кои што освен што треба да обезбедат конструктивни проекти сигурни и стабилни градби, одржливи градби, треба де обезбедат и конкурентност на нашите инжинњери не само на нашата територија, туку и пошироко на европско и светско ниво.“ - вели  Христинка Чулак претседател на комора на овластени архитекти, овластени инжињери.

На денедшната средба градежниците  испратија апел до компаниите од први септември да се почне со европските стандарди и европските кодови.