Нови цени на горивата - бензините поскапуваат за три, а дизелот за 4,5 денари

Нов ценовен шок за возачите. Од полноќ поскапуваaт  горивата. Дизелот — се зголемува за  4,5 денари по литар а  бензините за 3 денари по литар.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 93,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 95,00 ден/лит.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 4,50 ден/лит, и ќе изнесува 98,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 5,00 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 98,00 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 2,726 ден/кг малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 48,099 ден/кг.

ЕУРОСУПЕР БС-95: +3,00 ден. ➔ 93,00 ден/л

​ЕУРОСУПЕР БС-98: +3,00 ден. ➔ 95,00 ден/л

​ЕУРОДИЗЕЛ: +4,50 ден. ➔ 98,50 ден/л

​Екстра лесно масло: +5,00 ден. ➔ 98,00 ден/л

​Мазут М-1 НС: +2,726 ден. ➔ 48,10 ден/кг

Од РКЕ информираат дека зголемувањето на цените е резултат на растот на референтните цени на светските пазари.

Дали новиот раст  на горивата ќе донесе нов бран поскапувања врз основните производи ќе  зависи од тоа колку долго ќе трае поскапувањето вели за тв 24 универзитетскиот професор Ванчо Узунов 

 

Комисијата потсетува дека станува збор за максимални малопродажни цени, а трговците можат да ги продаваат нафтените деривати и по пониски цени од утврдените.