Нови 739 случаи на КОВИД-19, едно починато лице

Во последните 24 часа направени се 1.570 тестови, а регистрирани се 739 случаи на Ковид-19, од кои 153 се реинфекции. Оздравени се 659 пациенти, а во изминатите 24 часа е пријавено едно починато лице од Скопје на 73-годишна возраст. Лицето е починато во болнички услови. Во моментов активни се вкупно 4.218 случа, информира попладнево Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 2.125.150 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 330.755, бројот на оздравени пациенти е 317.149, а на починати 9.388 лица.