Нови 3 трки во Формула 1, отпаѓаат ГП на САД, Мексико и Бразил
Foto

Нови 3 трки во Формула 1, отпаѓаат ГП на САД, Мексико и Бразил

Шампионските трки во Формула 1 нема да се одржат оваа сезона во САД, Мексико и Бразил, поради ситуацијата со коронавирусот на американскиот континент.

Менаџментот на Формула 1 објави дека не сакаат да ризикуваат да одржат трки во тие земји, со оглед дека се меѓу државите со најлоша стапка на инфекција во светот.

Наместо овие 3 трки, ќе има 3 нови во Европа.

Тие ќе бидат организирани во германскиот Нирбургринг и во италијанската Имола, а Португалија ќе го направи своето деби во Формула 1 со трка на патеката Портимау.

Формула 1 сè уште не го подготвила целиот календар, но постои надеж дека ќе се одржат вкупно 16 трки.

0 Коментари

Остави коментари