Нови 12 случаи на коронавирус во земјава, Куманово ново жариште?
Foto

Нови 12 случаи на коронавирус во земјава, Куманово ново жариште?

Нови 12 случаи на коронавирус во земјава се регистрирани во изминативе 24 часа, со што вкупниот број изнесува 148 лица, соопшти министерството за здравство.

Од утре кај заболените од коронавирусот ќе почне да се применува комбинацијата што ја содржи лекот хидроклор и азитромицин што веќе се покажа ефикасен во повеќе земји. Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Владата ги засили и мерките за заштита во Куманово, каде што во последните 24 часа се регистрирани пет нови случаи. Филипче, информира дека на денешната владина седница е донесена одлука за укинување на градскиот, како и на меѓуградскиот превоз на Куманово со други населени места во земјава.

Двајца доктори и една медицинска сестра од кумановската болница се тројца од петтемина новозаболени од овој град. Стабилна им е здравствената состојба и се во домашна самоизолација вели министерот Венко Филипче. Општинскиот кризен штаб бара од владата да донесе итна одлука куманово да се стави во целосен карантин.

0 Коментари

Остави коментари