Новата пресметка на „реалната“ кошничка нема да ги наполни паричниците на граѓаните

Најавената владина потрошувачка кошница на која ќе се најдат стотина производи - не влева доверба кај граѓаните. Бараат зголемување на минималната плата со цел подобри услови за живот, а не различна пресметка од сегашната. Велат дека ниту статистиките ниту табелите ја полнат трпезата. 

За таа кошница колку време се зборува, нема аир по наше. Цените одат нагоре дали е кошница или не цените поскапшуваат нити слушаат влада ниту ништо.

Ништо не кажува владата, еве синдикалците баараат, тие се борат за работниците. Не дозволуваат покаќување на минималецот и според тоа идтото важи и за кошницата.  

- Не може да кажуваат тие, народот сам си знае колку пари има толку ќе троши.

Телевизија 24 дојде до документот во кој е објаснета методологијата за пресметка на владината просечна потрошувачка кошница, за која министерот за економија Бесар Дурмиши рече дека, во споредба со синдикалната минимална кошница на ССМ, владината е реална. Според документот, во владината потрошувачка кошница која се однесува на четири члено семејство ќе се најдат 11 групи со околу 100 прехрамбени производи.

Методологијата по која ќе се вршат пресметките, стои дека е во согласност со податоците од Државниот завод за статистика и просечните цени на производите во тековниот месец од најмалку три маркети. За овошјето и зелечникот ќе се користат податоците за цените за малопродажба прибрани од Министерството за економија и труд. 

ГРУПИТЕ И ПРОИЗВОДИТЕ

Ориз                                                              Леб од 'ржано брашно

Пченично брашно тип 500                      Бисквити

Пченично брашно тип 400                     Наполитанки

Леб од пченично брашно                       Тестенини (Макарони и Шпагети)

Леб од интегрално брашно                   Месо и преработки од месo

Месо и преработки од месo                 Риба

Млеко, млечни производи и јајца      Маснотии

 

Овошје                                                   Зеленчук 

Пијалоци                                             Облека и обувки

Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива

Мебел, покуќнина и редовно одржување во домаќинствата

Здравствена заштита                     Транспорт

Комуникации                                  Рекреација и култура

Образование                                   Ресторани и хотели

Разновидни стоки и услуги

Универзитетскиот професор Борче Тренковски во гостување во Телевизија 24 рече дека доколку владата сака да воведе некакви мерки за намалување или замрзнување на цените, потребно е да почне со структурни промени кои ќе придонесат за подобар животен стандард.

Кога треба да се зборува за мерки владата треба да размислоува во структурна промена. Тоа зборуваме за 20,30,40 промени и реформи како мерки да почнеме од завиност на увоз од храна, од стимулирање на домашно производство, од стимулирање на купување на домашни производи, од подобрување на бизнис околината во која се проиведува, од подобрување на пазарот на труд и работана сила, од намалување на ограничувањата и неизвесноста која постои со најава и одјава на мерки. Тоа се низа фактори кои треба да го стабилизираат пазарот.

Според последно пресметаната синдикална кошница за овој месец, на едно просечно семејство ќе му бидат потребни околу 65 илјади денари. Споредена со вредноста на синдикалната минималн кошница за месец јуни која изнесува 64 698,00 денари е зголемена за 630,00 денари. Дополнително,  Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец јули цумата се зголемува на  80 703,00 денари. 

Потврда за поразителниот стандард на македонските граѓани даде и официјалната статистика на Евростат која покажува дека 55 отсто од граѓаните на Македонија не може да си дозволат 7 дневен одмор во текот на една година.

Ваквите пдоатоци покажуваат дека на македонските граѓани итно им се потребни нови зголеменби плати за достоинствено да го поминуваат месецот. Додека со месеци трае преписката наљ релација ССМ Влада македонските плати се зацементираа не само на дното на европа туку и во регионот.