Новаковски за 24 анализа: Милевски засега на планира да признае вина

Во вечерашното гостување во 24 анализа, Александар Новаковски, бранителот на Зоран Милески Кичеец во случајот „Рекет“ потенцираше дека имало голема хајка во врската со исказот на обвинетиот Милески, бидејќи и самиот тој го немал исказот на Јанева.

Тој рече дека признавањето на вина зависи од презентираните докази. На прашањето дали неговиот клиент ќе ја признае вината за случајот, адвокатот Новаковски беше категоричен.

„Излегоа некои искази од сведоцви. Во случајот, исказот во таа фаза никогаш не се дава. Не сме размислувале досега за признавање на вина. Таа опција постои во законот, нас ни ја дава таа опција законот.“ - рече Новаковски.