Новаковски во Аргумент плус: Довербата во судството може да се симне и под 2%, потребни се реформи

Адвокатот Александар Новаковски во Аргумент плус рече дека членовите на Судски совет треба да ги почитуваат одлуките на Собранието и да се замислат.

Според него довербата во судството може да се симне и под 2% и затоа, како што вели потребни се реформи.

„Мора да го испочитуваат Собранието тоа е законодавна власт и само еден од членовите одговори по интерпелацијата и сега останува прашањето што понатаму. Состојбите во судството се несоодветни. Секој функционер кој ќе дојде на функција треба да знае дека има моменти кога ќе треба да покаже доблест и да замине, тоа не е слабост. Самото изразување на недоверба треба да ве замисли. Ситуацијата треба да се разреши. Имаме голем проблем“, рече Новаковски.

Тој зборуваше и за тоа дека доврбата во судството може да паѓа.

„Генерално судството е во ситуација кога сметам дека нема да одиме над 2% туку може да одиме и подолу. Мора да се направат реформи. ВМРО-ДПМНЕ дојде на ова власт со голема доверба од граѓаните и тие покажаа дека сите грешки што ги направи СДСМ ги плати на ови избори. Треба да се направи промена за строг избор“, додаде Новаковски.