Нова Влада: Тупанчевски во правда, Петровска во одбрана, Грковска вицепремиерка за борба со корупција
Професорот на Правниот Факултет Никола Тупанчевски е најголемото изненадување во новиот кабинет на Димитар Ковачевски. Тој како што брифира за ТВ 24 висок партиски функционер од синоќешната координација во СДСМ, заедно со уште пет нови минситри и дел од актуелните од кои дел и во нови ресори - вечерва ќе треба да добие зелено светло од извршниот и централниот одбор на СДСМ.
Освен Тупанчевски, нови имиња во планот на мандатарот се и Славјнака Петровска, која ќе ја наследи Радмила Шеќеринска во одбрана, но и поранешната пратеничка Славица Грковска, која ќе седне во вицепремиерската фотелја за борба со корупција. ТВ24 веќе објави дека Јована Тренчевска ќе биде нова министерка за труд и социјална политика, додека Бисера Костадиновска Стојчевска ќе е нова министерка за култура.
Како што објавивме, Оливер Спасовски останува во МВР, Благој Бочварски во Транспорт и врски, Горан Милевски во Локална самоуправа, Фатмир Битиќи - вицепремиер за економски прашања, Бојан Маричиќ во евроинтеграции, Љупчо Николовски во Земјоделство. Според неофицијални информации за одредени ресори до последен момент имало натегања. Неизвесен бил трансферот на Николовски во земјоделство. Според брифинзите , Никоовски не бил задоволен од новиот ресор, за правда пак имало неколку опции, додека една од првичните идеи на Ковачевски за вицепремиерската функција за борба со корупција била заменичкта на Ковачевски, но Сања Лукаревска инсистирала да остане во УЈП.
И додека Ковачевски според партсиките брифинзи до последен момент, се мислел за дел од ресорите и премислуваше, неговите коалициски партнери Али Ахмети и Африм Гаши одмана ја затворија нивната листа. Ахмети не менува никого, освен што Јетон Шаќири се сели во образование. И фаворитите на Гаши чекаат пас - Беким Сали во здарвство, Адмирим Алити во администрација и информатичко општество и Џемаил Чупи како минситер без ресор задолжен за дијаспора. Според планот новиот состав на Владата , како и програмата утре треба да влезе во Собрание, а да се гласа викендов. Според правилата распаравата за влада трае два дена, а се гласа на полноќ.