Нова учебна година - стари проблеми
Учениците, во одредени одделенија, кои учебната година ќе ја започнат по новата концепција, од септември, ќе се соочат со немање на учебници но тоа не значи дека ќе изостанат со своето образование, вели за ТВ 24 министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
Како министерство во координација со Бирото за образование појаснува дека подготвени се наставни материјали кои ќе го надополнат образовниот процес додека се чекаат учебниците. Доцнењето на учебниците може да биде ден, месец или најдоцна октомври месец.
Секој ученик, родител, наставник и останата јавност која ќе воочи дискриминаторска терминологија, стереотипи или недолична наставна материја во учебниците да пријави во министерството за образование за да се преземаат соодветни дејствија како што е случајот со учебникот по социологија во гимназиско образование кој содржел дикриминаторски и стереотипен материјал, за што комисија ќе одлучува за негово повлекување како одобрен учебник.
До стартот на учебната година има уште 3 недели, дали има училишта кои нема да ги пречекаат учениците, министерот Шачири вели дека такви информации од директорите не добил но тврди дека учебната година ќе почне за сите ученици.