Нова трка во Ф1 од 2020: Холандија се враќа на календарот
Foto

Нова трка во Ф1 од 2020: Холандија се враќа на календарот

Формула 1 и официјално ќе добие нова трка за следната сезона. Претседателот Чејс Кери, потврди дека холандското гран-при ќе се приклучи на календарот, а ќе се вози на патеката „Зандворт“.

Веќе неколку недели се шпекулираше дека Холандија ќе се врати во најатрактивнот авто-спорт, првпат по 1985 година, а сега Кери го официјализира тоа, велејќи дека гран-прито ќе се вози, најмалку, три сезони. Еден од факторите за оваа земја да стане домаќин на Ф1-трка е големата популарност на Макс Ферстапен и армијата портокалови навивачи кои го следат насекаде низ светот.

Покрај „Зандворт“, уште од лани е потврдено дека во 2020 ќе се вози и нова улична трка во Виетнам, е сега прашањето е кои две патеки ќе отпаднат од календарот. 

Чејс Кери јасно кажа дека не планираат да го зголемуваат календарот и дека повторно ќе има 21 трка, а неофицијално тие патеки би биле Каталуња, за големата награда на Шпанија и Хокенхајм, за големата награда на Германија.

0 Коментари

Остави коментари