Нова стратегија за безбедност на САД: Помалку внимание за Балканот 

Во новата Стратегија за национална безбедност на САД, потпишана од претседателот Доналд Трамп, Американците нагласуваат пренасочување на приоритетите кон сопствените интереси, со фокус на безбедноста, економијата, борбата против картелите и миграцијата. 

Западен Балкан е споменат површно, главно во контекст на односите Србија–Косово, што аналитичарите го гледаат како сигнал за намален американски ангажман во регионот. 

Според професорката Дидијана Гупта, стратегијата испраќа порака дека "Америка мора да биде на прво место". Американската политика кон Балканот ќе зависи од економските интереси, а постои ризик од засилен влез на други актери како Турција, Русија и Кина. 

Безбедносните експерти истакнуваат дека САД нема да се повлечат од БиХ, но сѐ повеќе ќе се бара внатрешна одговорност од земјите на Балканот. Очекувањата се дека стабилноста ќе зависи од политичката зрелост на регионалните партнери.