Нова средба на Комисиите на Бугарија и Македонија
Foto

Нова средба на Комисиите на Бугарија и Македонија

По десетмесечна пауза, македонско-бугарската Комисија на нова средба за „каменот на сопнување“ околу историографските прашања од кои зависи европерспективата на  Македонија.

Десеттата средба на историчарите и експертите продолжува во затегната атмосфера, откако Софија постави нови услови за Скопје пред земјите-членки на ЕУ, меѓу кои за потеклото на јазикот и нацијата.

Премиерот Зоран Заев вчера го повтори ставот дека македонскиот народ треба да биде подготвен и на сценариото земјата да не ги отпочне преговорите со ЕУ до крајот на годината.

0 Коментари

Остави коментари