Нова софистицирана опрема на МАНУ, ќе може да се дијагностицира ризик од наследни болести

Со помош на најмодерна и најсофистицирана опрема за генетско испитување, резултатите од направените истражувања ќе бидат готови за еден ден, со што значително се подигнува квалитетот на работата на МАНУ - ова беше истакнато на презентацијата на новата апаратура за генетско испитување во МАНУ. Дел од научниците ја повикаа државата повеќе да вложува во научно -истражувачката дејност.