Нова сезона во Национална опера и балет
Foto

Нова сезона во Национална опера и балет

Со премиера на две балетски едночинки – „Валпургиска ноќ“ на Шарл Гуно и „Кармен“,на Жорж Бизе, в сабота , од 20 часот ќе биде отворена новата сезона на Балетот при НОБ.

Во годината во која НОБ одбележува 70 години постоење, директорката Олга Панго одлучи на сцената да го постави балетот Валпургиска Ноќ, токму затоа што со ова дело од операта Фауст на Шарл Гуно, во 1949 година, во кореографија на Ѓорги Македонски ,а под диригентската палка на Трајко Прокопиев ,започнува развојот на македонскиот балет. 

На покана на НОБ, како кореограф на овие две балетски едночинки се јавува унгарскиот кореограф Габор Кевехази кој речиси две години работел на проектот кој специјално е подготвен за НОБ.

Диригентката Чадловска, која не го криеше задоволството да изминатите 15 години биде диригент на сите балетски претстави, истакна дека свитата од „Кармен“ ќе биде изведена со поинаква оркестрација, односно без дувачки инструменти кои ќе бидат заменети од ударни.

За јубилејот 70 години освен премиерата на балетот Валпургиска Ноќ и Каремен ,осд операта најавуваат сосема нова премиера на операта Кармен , како и изложба и гала јубилеен концерт.

0 Коментари

Остави коментари