Нова препорака од СЗО: Подгответе се, смртоносниот вирус се шири
Foto

Нова препорака од СЗО: Подгответе се, смртоносниот вирус се шири

Стручните лица на Меѓународната комисија за вонредни ситуации при СЗО им препорачаа на сите земји да се припремат за понатамошното ширење на Корона вирусот.

СЗО во своето соопштение препорачува сите Влади да ја следат ситуацијата, да преземат мерки на претпазливост и за било какви случаи навремено да ги информираат.

Бројот на заразени од новиот тип на коронавриус во централна Кина се зголеми на 830, а досега умреа 25 лица, објавија утринава државните кинески медиуми.

Новиот вирус и припаѓа на групата вируси кои предизвикаа САРС, болест од која пред 17 години умреа 800 лица ширум светот, а исто така почна да се шири од Кина.

0 Коментари

Остави коментари